ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Финансиски хороскоп за август 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите?

Некои Ракови ги очекува непланирана добивка, па со парите ќе ги платат заостанатите сметки или кредити.

Август 2023 ќе им донесе финансиски проблеми на неколку хороскопски знаци, но добивка на други. Прочитајте какви се финансиските предвидувања за вашиот хороскопски знак за овој месец.

Овен

Иако ова е време создадено за одмор и релаксација, сепак ќе мора да се посветите и на други активности, вклучувајќи ги и финансиите.

А бидејќи непријатностите никогаш не доаѓаат сами, непредвидливите финансиски ситуации може да ве натераат да ги одложите планираните проекти.

Иако ова нема да ви биде пријатно, ќе ви помогне да решите чувствителен проблем. Сепак, финансиските грижи ќе останат до крајот на месецот, кога работите ќе почнат да се стабилизираат.

Бик

Овој месец нема за што да се грижите на финансиски план. Сакате навремено да ги завршите работите и тоа ќе го правите многу успешно со помош на планетите кои се ретроградни.

Уживајте во убавото чувство на успех, иако тоа може да ви го расипе некој кој не гледа на работите исто како и вие.

Пред крајот на месецот сепак бидете претпазливи околу финансиските вложувања, ако сакате да ги постигнете своите цели.

Ако некој ве обвини дека сте скржави, не се објаснувајте, вие знаете дека не се во право.

Близнаци

Иако месецот е поволен за одмор и безделничење, ве загрижуваат финансиите.

Имате чувство дека ништо не се движи во вистинската насока и дека што и да правите, не можете да мрднете од една точка.

Уште полошо ќе биде ако некој близок се обиде да ве советува што треба да правите со вашите пари. На средината на месецот некој пријател ќе ви даде возбудлив предлог.

Но, ако планирате да се впуштите во некоја инвестиција, прво убаво размислете за сите аспекти, и позитивните и негативните.

Рак

Месецов можете да се одморите и да не размислувате за финансиски проблеми, бидејќи ќе ги нема.

Некои Ракови ги очекува непланирана добивка, па со парите ќе ги платат заостанатите сметки или кредити.

Сепак, бидејќи Венера е ретроградна, астролозите советуваат да ги одложите големите вложувања за крајот на годината, кога планетите ќе ви бидат повеќе наклонети.

Лав

Загрижени сте бидејќи чувствувате дека некој ви стои на патот и не можете соодветно да си ги решите финансиските проблеми.

Ова ве става во лошо расположение. Иако има пречки пред вас, не значи дека не можете да ги надминете.

Прифатете ги предизвиците што се појавуваат пред вас и ќе најдете начин да ги решите.

Размислете два пати пред да кренете раце и да се откажете.

Девица

Сега е одлично време да размислите што сакате да постигнете на финансиски план.

Ова е месец на промени, па иако нема да ви се допаднат, ќе мора да ги прифатите.

Иако ве плашат, верувајте, тие промени ќе бидат позитивни за вас.

Ова е поволен месец за штедење. Тргнете нешто на страна и трошете само за основните потреби.

Вага

Ова не е најповолниот месец на финансиски план за вас, па ќе морате да се потрудите ако сакате да врзете крај со крај.

Не сте задоволни ни на работа, сметате дека не ве ценат доволно, па размислувате дури и да си дадете отказ.

Размислете добро, бидејќи ако ја оставите работата пред да најдете друга, финансиската ситуација ќе ви биде уште полоша.

Скорпија

Овој месец е поволен за вас, но ќе мора да размислите убаво дали да прифатите некој предлог за соработка.

Иако ова може да ви донесе бонус, очекувајте и многу нервози, а малку слободно време, поради што за кратко ќе добиете желба да се откажете.

Но, ако решите да ја прифатите понудата, искористете ја способноста за преговарање за да се осигурите дека ќе извлечете некаква финансиска полза од ова.

Стрелец

Ентузијазмот од претходните месеци исчезна, бидејќи скоро ништо не се смени на финансиски план.

Затоа со резерва ја прифаќате новата понуда за соработка – не сте сигурни дека ќе ви донесе пари колку што очекувате.

Додека чекате да дојдат подобри денови, не трошете непотребно, на предмети кои никогаш нема да ги искористите, но импулсивно сметате дека ви се неопходни.

Јарец

Сега е време сериозно да размислите од каде ќе дојдете до дополнителен прилив на пари.

Можеби хонорарна работа е тоа што ви треба.

Сепак, тргнете од вашите интереси и фокусирајте се на работите што ќе ви бидат важни вам.

Ако работите на некој проект кој доцни, тоа најверојатно ќе значи и дека нема да може навремено да ги добиете парите што ги очекувате. Затоа забавете во трошењето.

Водолија

На деловен план ќе доживеете успех, а тоа ќе значи повеќе пари за вас или понуда за подобро работно место.

Во секој случај, на некои Водолии конечно ќе им се исплати трудот што го вложуваат на работа.

Сепак, мора да бидете економични, да направите буџет и да се држите до него, барем до крајот на месецот.

Риби

Овој месец бидете внимателни на што ги трошите парите.

Не реагирајте импулсивно, тоа може да доведе до погрешни избори.

Затоа, ако сакате да ги избегнете финансиските непријатности, дистанцирајте се од мислењата на другите и водете се од вашата интуиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button