ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Финансова полиција ќе ги истражува јавните набавки за деривати во ЈСП

Јавното обвинителство и дало насоки на Финансиската полиција да ги истражи постапките за јавни набавки на деривати за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Сомнежи за непочитување на постапката за јавна набавка првично покрена Бирото за јавни набавки, кое вршеше контрола на постапката.

Advertisements

„Управната контрола утврди дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП“, наведуваат од Бирото за јавни набавки.

Имајќи го ова предвид, Бирото даде инструкции што треба да преземе ЈСП во по извшрениот инспекциски надзор. Во упатството се вели дека комисијата за јавни набавки морала да го откаже и изборот на фирмата и самата постапка за набавка. Во меѓувреме, контролата на Бирото од Град Скопје ја опишуваат како сценарио за уништување на претпријатието.

„Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио“, рекоа од Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека целата голгота во ЈСП е започната откако премиерот Христијан Мицкоски почна да преговара за набавка на 100 електрични автобуси. Поради недостиг на нафта, автобусите на ЈСП останаа паркирани во базите на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Зекирја Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button