ЕКОНОМИЈА

Финишира расправата за ребаланс на буџетот за 2020 година

Последниот ден од собраниската расправа за предлог ребалансот на буџетот пратениците од власта и опозицијата го искористија за меѓусебни обвинувања за тоа кој колку направил за државта. За опозицијата најголем проблем во новиот ребаланс е кратењето е капиталните инвестиции, како и задожувањето кое државата тешко ќе го врати.

Advertisements

Празен ви е буџетот, не можете да го наполните. Предвидувате раст секоја година, нема раст во буџетот, предвидувањата се само дека ќе расте дупката. Следната година како ќе најдете пари, и тие пари што ќе ги барате се премногу скапи. Затоа, следната година ќе немате ниту еден капитален проект иако ветувате многу повторно ќе излажете – изјави Владо Мисајловски- пратеник ВМРО- ДПМНЕ.

За пратениците од власта во прекројувањето на државната каса има доволно капитални проекти кои ќе се реализираат до крајот на оваа година.

Ако добро сте го прочитале буџетот ќе видите дека предвидуваме 644 милиони денари во овој ребаланс до крајот на оваа фискална година, од кои 500 милиони денари одат директно за капиатални проекти за помошта директно за општините. Од тие 644 милиони, 144 одат директно во јавните претпријатија и тоа е грижа за граѓаните – рече Костадин Костадинов- пратеник СДСМ.

Вториот ребеланс на буџетот е директно поврзан со реализацијата на четвртиот сет економски мерки. Meѓу мерките е и финаниската помош за компнаиите за исплата на плати. Поради кусиот рок за аплицирање Владата со инервенција во Законот за финансиска подршка ќе го продолжи рокот до 10 ноември до кога компаниите ќе може да аплицираат. УЈП денеска апелираше до работодавчите да ги исплатат октомвриските плати на вработените, па потоа со исправка ќе ги добијат субвенционираните плати. Помошта ќе се движи од 14.500 до 21.770 во зависност од висината на падот на приходите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button