ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Финишира судењето за организаторите на 27 април

Судењето за нарачателите на крвавиот четврток од 27 април 2017 година влегува во финиш. Денеска во кривичниот суд се изведоа и последните докази презентирани од одбраната. За 1 јули се закажани завршните зборови на обвинителството, а одбраната својот завршен збор ќе го даде на рочиштата на 6 и 12 јули. По ова, кривичниот суд ќе може да ја закаже и да ја објави пресудата. Во вториот процес за упадот во законодавниот дом им се суди на екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и на поренашениот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button