СВЕТ

Финска министерка: Голема е веројатноста да влеземе во НАТО

Финска министерка: Голема е веројатноста да влеземе во НАТО

Финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, даде интервју за „Скај њуз“ и зборуваше за евентуалниот влез на Финска во НАТО по руската инвазија на Украина.

Advertisements

Таа рече дека Финска е многу веројатно да аплицира за членство во НАТО, додавајќи: „Се чини дека народот на Финска донесе одлука“.

„Руската инвазија на Украина беше повик за будење за сите нас“, рече министерката, додавајќи дека одлуката уште не е целосно донесена.

Да потсетиме, вчера финската премиерка Сана Марин изјави дека Финска ќе ја донесе конечната одлука за аплицирање за членство во НАТО во рок од неколку недели./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button