СВЕТ

Финска: Руски воен авион влезе на 2,5 километри во нашите граници

Финска: Руски воен авион влезе на 2,5 километри во нашите граници

Руски воен авион рано утринава го нарушил финскиот воздушен простор, навлегувајќи околу 2,5 километри во финските граници, соопшти финското Министерство за одбрана.

„Нарушување на границите во траење од две минути се случи во Финскиот залив на истокот на земјата“, соопшти министерството.

„Сериозно го сфаќаме можното нарушување на територијата и веднаш започнавме истрага“, рече финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.

Претходното нарушување на територијата од страна на руски авион се случи на 22 август, кога два борбени авиони влегоа во финскиот воздушен простор во Финскиот залив, соопшти министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button