ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фирма поврзана со Беса Транс, превезувала патници без лиценца

Инспекторатот на Град Скопје изрече казна и поднесе пријава до надлежните против фирмата „Ројал Травел ДООЕЛ Скопје“ поради превоз на патници без лиценца.

Од Град Скопје информираат дека бил извршен инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе на „Ројал Травел ДООЕЛ“ вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич, од Министерството за економија што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму посочуваат дека фирмата „Ројал Травел ДООЕЛ“ под којашто е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со „Беса Транс“.

На фирмата „Беса Транс“ и беше одземена лиценцата за превоз на патници , откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето. Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button