ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фирми земале пари, не им ги дале на вработените! Обвинителството молчи за истрагата

По два месеци откако приватниот сектор го стресе скандалот со злоупотреби на државната помош наменета за работниците, од обвинителството сè уште не откриваат до каде е истрагата. Од Основното јавно обвинителство за Алсат само рекоа дека предметот е во предистражна постапка која засега се одвива во тајност. Она што е познато на јавноста е дека покренати се пријави за над 200 компании кои добиле од државата пари за плати на вработените, но газдите решиле да си ги задржат за себе.

Advertisements

Основно јавно обвинителство:

„Во интерес на постапката во моментов обвинителството не може да сподели детали.“

Од Сојузот на синдикати на Македонија, институција кои прва алармираше за вакви злоупотреби од страна на некои работодавачи, за Алсат велат дека ќе бараат итна средба со обвинителството за случајот да не се „заташка“.

Државните институции мораа да водат сметка, поради тоа што од една страна тие ги даваа финансиските средства на работодавачите. А, тие ги злоупотребија и не ги исплатија на работниците и по втор пат не ја исплатија платата, а со тоа не исплатија придонеси за задолжително социјално осигурување и не се вратија повторно назад пари во буџетот.“-рече Слободан Трендафилов  ССМ.

Првата објава на фирми кои ги злоупотребиле државните пари надминуваше и 600, но за неколку дена поголем дел од работодавачите ги уплатија парите на сметките на работниците и на тој начин куртулија од кривична пријава. Државната помош се состоеше во вид на минимална плата за вработените во секторите кои беа најпогодени до корона кризата. Од Владата потенцираа дека работодавачите ќе мора да ги вратат државните пари и да најдат други средства за исплата на платите за своите вработени. Дополнително тие нема да имаат можност да аплицираат и да добијат помош предвидена со новите мерки на Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button