ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Фискалниот совет препорачува одење во пензија на 67 години

Фискалниот совет до Собранието достави Мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија.

Во однос на Фискалната стратегија (2025-2029) што владејачкото мнозинство ја усвои, стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години.

Фискалниот совет смета дека буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е голема, а линеарните зголемувања од 2500 денари ќе придонесат Фондот на долг период да не биде одржлив.

„Потребни се дополнителни мерки, како зголемување на работниот век на вработените, така и постепено (макар и благо) зголемување на стапката на придонесот за ФПИОМ (тековно е 18,8%), која моментално е за 2,4% помала во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2%. Кога на ова би се додало стареењето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1500-1700 нови пензионери секоја година, придружено и со преференцијата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензиските приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button