ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Физичка пресметка пред казино во Неготино

Физичка пресметка пред казино во Неготино

Физичка пресметка се случила рано утрово пред казино во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

Advertisements

– Утринава во 04.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од неготинско село, затоа што пред казино во градот, тој и неготинецот Д.Ј.(35), по вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека со Д.Ј. бил извршен службен разговор, а А.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button