СПОРТФУДБАЛ

ФК Беса, по Захов потпишува и со Самаке од Македонија ЃП

Тимот на Беса од Добридол за новата сезона се засили и со фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Адама Самаке, кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде настапуваше изминатава сезона. 21-годишниот Самаке треба да го засили дефанзивниот среден ред на тимот.

Веќе е договорен и трансферот на повремениот македонски репрезентативен голман Костадин Захов, кој доаѓа од екипата на Воска Спорт. Захов изминатава сезона одлично го бранеше голот на охриѓани, каде престигна од редовите на Шкендија на почетокот од годинава. Беше дел од „црвено-црните“ од Тетово од 2016 година. Претходно во својата кариера има настапи и за Брегалница Штип, Беласица, Вардар и Хоризонт Турново.

Како нови засилувања на Беса веќе се најавуваат и фудбалерите кои го напуштија шампионот Струга ТЛ, Меџит Незири и Едис Малиќи./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button