
Екипата на Гостивар во пролетниот дел од сезоната по се изгледа ќе влезе со целосно реновиран тим.
Денеска, клубот ја прекина соработката со дури седуммина фудбалери за кои најверојатно наскоро ќе најде замена. Од Гостивар си заминаа: Гоба Закпа, Емран Рамадани, Ремзифак Селмани, Фатјон Јусуфи, Михаил Маневски, Пепи Ѓоргиев и Јаник Нкурунзиза,
Неодамна екипата се засили со Ертен Ерсу, а има и нов тренер во Исмаил Атаман кој во вториот дел од сезоната ќе биде на клупата.