СПОРТФУДБАЛ

ФК Вардар со нов генерален спонзор, договор во вредност од 1 млн евра

Фудбалски Kлуб Вардар доби огромна финансиска поддршка од странски бренд. Нов генерален спонзор на клубот е компанијата „Новоматик Македонија“. Ова компанија ќе биде генерален спонзор на Вардар, но нема да управува со клубот. Ќе има свои луѓе во управниот и надзорниот одбор кои ќе ја следат работата.

Advertisements

Соработката е потпишана на една година, но со позитивни мисли за продолжување на договорот и во иднина. Новиот генерален спонзор ќе биде поддржувач на сегашната управа, а ќе придонесе со сериозен буџет за следната сезона.

Вардар ќе остане поддржуван и од локалната власт во градот Скопје односно одредени општини. Клубот заминува на подготовки, а во следниот период се најавени и нови засилувања на ростерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button