
Реал Мадрид се соочува со огромна криза во одбраната по новата тешка повреда на Едер Милитао, по што дел од клупските легенди и фановите посочија едно перфектно краткорочно решение – во клубот да се врати Серхио Рамос.
Поранешниот капитен е слободен играч и можеше без никакви проблеми пред јануари да потпише договор и веднаш да му се стави на располагање на тренерот Анчелоти, но претседателот Флорентино Перез има поинакви планови.
Информациите од Шпанија говорат дека Рамос преку својот агент самиот ја исконтактирал управата на Реал изразувајќи подготвеност да се врати на „Бернабеу“ и таму да ја заврши кариерата. Тој најавил и дека парите нема да бидат пречка во преговорите, но остана изненаден кога Флорентино Перез без многу размислување ја отфрлил оваа опција.
Првиот човек на Реал бил дециден на ставот дека вратата за Рамос е затворена откако тој во 2021 го напушти Реал и потпиша за ПСЖ.