СВЕТ
Фон дер Лајен и Џонсон без договор, продолжување на преговорите утре

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен вели дека сè уште има „значителни разлики“ во позициите на Брисел и Лондон и дека договорот за Брегзит нема да биде можен доколку тие разлики не се решат.
По тој повод, вон дер Лајен денес разговараше со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.
Во заедничката изјава се вели дека е постигнат напредок во многу области, но не и во клучните три, како што се еднакви услови, управување и риболов.
„Двете страни истакнаа дека не е можен договор доколку овие прашања не се решат. Признавајќи ја сериозноста на овие разлики, се согласивме дека нашите преговарачки тимови треба да направат дополнителни напори да проценат дали може да се решат“, се вели во соопштението .