ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Фон дер Лајен ја започнува балканската тура, в среда во Скопје

Претседателката на Европската Комисија ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза. Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави попладнево портпаролот Ерик Мамер.
После Скопје, претседателката ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и Подгорица во сабота.
Во Србија се очекува неизбежно претседателката да го повтори барањето на ЕУ Белград да усвои санкции против Русија.