ВЕСТИСВЕТ

Фон дер Лајен: Ќе ги користиме замрзнатите руски средства за обнова на Украина

Во наредните недели Европската Унија планира да претстави предлог со кој замрзнатите руски средства ќе се користат за финансирање на обновата на Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Advertisements

Европската комисија планира да претстави предлог пред летниот распуст, изјави фон дер Лајен за време на конференцијата за украинската реконструкција во Лондон.

Таа рече дека замрзнатите руски средства треба да се искористат „затоа што сторителот мора да одговара“.

Но, рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, во интервју за британскиот телевизиски канал Скај њуз во средата вечерта, ги нарече ваквите планови незаконски.

Конференцијата за обновување на Украина треба да ги постави темелите за обнова на Украина по руското уништување.

Фон дер Лајен исто така рече дека „не се сомнева“ дека Украина еден ден ќе се приклучи на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button