СВЕТ

Фон дер Лајен: Нуклеарната енергија може да обезбеди стабилни цени на струјата

По глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија врз Украина, многу земји имаат нов поглед кон потенцијалната улога што може да ја игра нуклеарната енергија, што е особено важно за остварувањето на климатските цели, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Самитот за нуклеарна енергија што денеска се одржува во Брисел.

– Да не заборавиме дека во светот нуклеарната енергија е вториот по големина извор на електрична енергија со ниски штетни емисии, веднаш по хидроенергијата.

За да ја зачуваат енергетската безбедност, земјите бараат да ја намалат нивната зависност од увезени фосилни горива, а за да се обезбеди нивната конкурентност, нуклеарната енергија може да обезбеди стабилност за цените на електричната енергија, истакна Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека во ЕУ постојат различни ставови околу нуклеарната енергија, но дека сепак верува оти нуклеарните технологии можат да играат важна улога во транзицијата кон чиста енергија.

-Повеќето патишта до нето нула емисии оставаат отворен простор за нуклеарната енергија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button