ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен: За отворање на Кластерот со ЕУ потребни се уставните измени

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека земјава ќе го продолжи патот кон членството во ЕУ отворајќи го кластерот Фундаментални вредности, колку што е можно поскоро, но потсети дека за тоа се потребни уставните измени за кои, како што кажа, државава се согласила дека ќе бидат усвоени.

Advertisements

„Имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот – Фундаментални вредности, што е можно побрзо. Речиси сме таму. Треба да поминат уставните промени, на коишто вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог, се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги преземат потребните одлучни чекори за напредок“, рече фон дер Лајен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button