СВЕТ

Фон дер Лајен: Овие избори ни испратија две пораки

Фон дер Лајен: Овие избори ни испратија две пораки

Кандидатот на Европската народна партија за претседател на Комисијата Урсула фон дер Лајен е уверена дека ќе добие нов мандат и потребното мнозинство во новоизбраниот Европски парламент.

„Да, уверена сум за новиот мандат, но секако има уште многу работа пред мене“, изјави Фон дер Лајен.

Во изјавата по објавувањето на првите привремени резултати за Европскиот парламент, таа изрази задоволство од успехот на Европската народна партија (ЕПП), која и натаму останува со најмногу претставници и „сидро на стабилноста“.

„Овие избори ни испратија две пораки, првата е дека се уште постои центристичко мнозинство за силна Европа и тоа е клучно за стабилноста. Но, исто така е точно дека екстремите од левицата и од десницата добија поддршка и затоа овој резултат бара уште поголема одговорност од централните партии“, рече фон дер Лајен, водечкиот кандидат на ЕПП.

Таа најави дека од денеска ќе контактира со другите две водечки политички групи, социјалдемократите и либералите, со кои сака да воспостави широка коалиција за силна Европа. Таа рече дека секој кој е проевропски, кој ја поддржува Украина и владеењето на правото е добредојден.

Таа посочи дека светот е во превирања, дека силите внатре и надвор од ЕУ се обидуваат да ја дестабилизираат и ослабат Европа.

„Никогаш нема да го дозволиме тоа. Овие изборни резултати покажуваат дека мнозинството Европејци сакаат силна Европа“, рече таа. /Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button