
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека длабоко жали за одлуката на САД да воведат царини за извоз на автомобили од ЕУ.
„Тарифите се даноци, лоши за бизнисите, полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ“, напиша Лајен на мрежата X.
Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, притоа чувајќи ги своите економски интереси.