Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа

Единствениот начин да се обезбеди долгорочна конкурентност на ЕУ е таа да се оттргне од фосилните горива и да се насочи кон чиста, конкурентна и циркуларна економија, но тие напори мора да одат паралелно со зголемување на просперитет за сите во Европа, порача денеска претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Сите трансформации што ќе ги поттикнеме мора да бидат фер.
Можеме да го надградиме нашиот многу успешен социјален модел – социјалната пазарна економија, истакна Фон дер Лајен при приемот на Извештајот за перспективите на конкурентноста на Европската унија, подготвен од поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка, Марио Драги.
Според Фон дер Лајен, овој извештај „ќе ја инспирира“ работата на Европската комисија во следните месеци и години, при што таа ќе мора да се фокусира на три клучни работи.
– Прво, за да бидеме конкурентни, треба да ја спроведеме чистата и дигитална транзиција. Ние, како што знаете, ја поставивме основата за оваа чиста и дигитална транзиција во мојот прв мандат.
Сега е време таа да се реализира, истакна Фон дер Лајен.