ВЕСТИСВЕТ

Фон дер Лајен: Вознемирена сум од сликите од Газа, да се истражи што се случило

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е „длабоко вознемирена“ од сликите од Појасот Газа и нагласи дека е неопходно да се истражи што се случи на северот на палестинската енклава, кога десетици Палестинци биле убиени додека чекале ред за храна.

„Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа. Мора да се вложат сите напори за да се истражи што се случило и да се обезбеди транспарентност“, напиша Фон дер Лејен на социјалната мрежа Х.

Таа додаде дека хуманитарната помош е „спас за оние на кои им е потребна“, нагласувајќи дека е неопходно да се обезбеди пристап до хуманитарна помош.

„Ние стоиме покрај цивилите и повикуваме на нивна заштита во согласност со меѓународното право“, изјави претседателката на Европската комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button