
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен телефонски разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп за неговата најава дека ќе воведе царини од 50 отсто на увозот од Европската Унија од 1 јуни.
Во објава на платформата Икс, Фон дер Лајен оцени дека имале „добар разговор“ со Трамп и нагласи:
„ЕУ и САД имаат најзначајни и најтесни трговски односи во светот. Европа е подготвена за брзи и одлучни разговори“.
Таа додаде дека за постигнување квалитетен договор ќе биде потребно време до 9 јули – крајниот рок што претходно го постави Трамп.