ВЕСТИРЕГИОН

Фон Крамон ја повика Владата во Приштина да ги повлече специјалните сили од северот

Специјалниот известувач за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, денеска ги повика властите во Приштина да ги повлечат специјалните полициски единици од северот и да седнат на преговарачка маса, пренесува Танјуг.

Advertisements

Таа рече дека единствениот начин да се реши ситуацијата на северот на Косово, на конструктивен начин, е преку дијалог и додаде дека владата во Приштина презема многу ризици со своите потези.

„Дали ова е обликот на „добро“ владеење што го сакаме? Наместо тоа, треба да имаме повеќе мерки за градење доверба. Дијалогот во Косово е единствениот излез од оваа ситуација. Ги повикуваме косовските власти да размислат за преземање мерки за градење доверба. На пример – повлекување на специјалните полициски сили од северот и седнување на преговарачка маса. Инволвираните страни треба конструктивно да се вклучат во дијалог за решавање на отворените прашања“, порачува Фон Крамон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button