ВЕСТИРЕГИОН

Формиран Заеднички надзорен одбор кој ќе ја следи имплементацијата на договорот меѓу Србија и Косово

Европската Унија (ЕУ) формираше Зеднички надзорен одбор кој ќе го следи спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија кој беше постигнат меѓу лидерите на двете земји на средбата во Охрид на 18 март годинава.

Advertisements

Ова го изјави портпаролот на Унијата, Петер Стано, велејќи дека со одборот ќе претседава специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

Во Заедничкиот одбор, Косово ќе го претставува амбасадорот во Белгија, Агрон Бајрами, а Србија ќе биде претставувана од главниот преговарач Петар Петковиќ.

„Задачата на Заедничкиот одборе да го следи спроведувањето на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и анексот за негово спроведување“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button