ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Формирани собраниските комисии за политички систем и законодавно-правната

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска ги прифати предлозите за персоналните состави на Комисијата за политички систем и на Законодавно-правната комисија.

Претседател на Комисијата за политички систем е Љупчо Пренџов, а негов заменик Јован Јаулевски, додека претседател на ЗКП е Александар Велјановски, а заменик Бобан Николовски.

Членовите на Комисијата го прифатија барањето на поранешниот претседател Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија што тој го доставил до Собранието на 15 мај.

Исто така прифатени се и 29 барања за апанажа на пратеници од парламентарниот состав 2020-2024. Против предлогот за апанажа беше пратеникот од Левица Крмов. Рокот за поднесување барања за апанажа се уште не е завршен.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски информираше дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button