ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Форум за одбрана во Скопје, говореше и Столтенберг

Форум за одбрана во Скопје, говореше и Столтенберг

С. Македонија се покажа како моќен сојузник на НАТО и важен придонесувач за колективната безбедност. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку видео презентација на Форумот за одбрана што се одржува во Скопје. Столтенберг рече дека Северноатлантската алијанса гарантира еднаква безбедност за сите и тоа се докажа и при хибридните напади и дојавите за бомби во Македонија, кога во земјава допатуваа и експерти од НАТО за да дадат свој придонес. Тој зборуваше и за улогата на С Македонија кон Украина.

Advertisements

„Руската инвазија на независна и суверена Украина е трагедија за Украина. Тоa е опасност за сите. Ова е ситуација со која ниту еден сојузник не може да се соочи сам. Но, вие не сте сами. Ние сме земји на демократии посветени на меѓусебнa заштита. Сите за еден и еден за сите“, рече Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Американската амбасадорка Ангела Агелер рече дека НАТО отсекогаш било сила на стабилност и безбедност.

„Колективната одбрана и спречувањето се во срцето на причината за постоењето на НАТО. Различните форми на придонесот на Северна Македонија во Украина се пример за нашите сојузници. Вашите постапки и активности го истакнаа главното поглавје дека обидот за насилна промена на границите е неприфатливо и дефинитивно мора да се оспори“, изјави Ангела Агелер, амбасадорka на САД.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска рече дека земјава останува силно посветена на реформите и зајакнувањето на одбранбениот систем.

На форумот за одбрана имаше над 250 учесници со претставници од Германија, Белгија, Бугарија, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји./Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button