ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ФОТО: Бугарската влада подготвена за церемонијален дочек на македонските владини претставници

Сѐ е подготвено за церемонијата за пречек на македонските владини претставници во Софија, токму пред катедралата „Александар Невски“, дознава Алсат.

Advertisements

Настанот е во фокусот на медиумите во Софија, кои се веќе подготвени да го проследат пристигнувањето на претставниците на македонската влада кои утре ќе имаат заедничка седница со бугарската влада.

Во состав на владината делегација предводена од Ковачевски, се и првиот заменик премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерите за економски прашања и координација на економските ресорси и за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи и Славица Грковска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за образование и наука Јетон Шаќири, за локална самоуправа Горан Милевски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за транспорт и врски Благој Бочварски, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Од Софија известува новинарот на Алсат, Лука Андреев, кој ги прати првите фотографии направени непосредно пред почетокот на церемонијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button