ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
(ФОТО) Концесионерите на плажи во струшко сами си ги отстрануваат нелегалните платформи

Во струга досегашните концесионери на плажи почнаа сами да ги отстрануваат платформите поставени во Охридското езеро откако во петокот добиле решенија за нивно итно отстранување. Ова доаѓа откако струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко упорно тврдеше во целиот негов мандат дека во Струга нема нелегални градби во заштитениот појас на Охридско езеро. Како што Алсат објави неодамна во струшкиот дел на заштитеното подраче има 65 дивоградби.
Инаку, како што дознаваме, денеска увид во активностите на теренот ќе изврши градоначалникот Мерко придружуван од вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби.