ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
(ФОТО) Местото каде што е запален автомобилот на директорот на КП „Идризово“

Службениот автомобил на Зоран Јовановски, директорот на затворот „Идризово“ нешто по полноќ бил зафатен во пожар. Инцидентот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, зад економското училиште, во скопската населба Кисела Вода. Сѐ уште не се познати причините за пожарот, МВР работи на расветлување на случајот.