ВЕСТИРЕГИОН

(ФОТО) Силно невреме во Црна Гора: Две лица го загубија животот

Силно невреме денеска ја погоди Црна Гора. Силниот дожд придружен со урагански ветрови уриваше дрвја, носеше ќерамиди, мебел од плажите и предизвика колапс во сообраќајот, јавуваат црногорските медиуми.

Како што објави порталот „Бар инфо“, од невремето што утрото го зафатило Бар, загинал работник на кран на градилиштето „Челебиќ“ во Чањ. Исто така, едно лице загинало од удар на гром во Луштица, информирале за агенцијата МИНА од Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) на Полициската управа.

„Се чини дека едно лице е смртно погодено од гром на теренот за голф ‘Луштица беј’“, соопшти ОКЦ.

Во пристаништето Бар од силниот ветер паднале големи кранови, а од компанијата потврдиле дека материјалната штета е огромна.

Според податоците на метеоролошката станица Бар, ударите на ветерот во моментот на невремето достигнале брзина од 200 километри на час, пишува Вијести.ме.

Поради обилните врнежи во Подгорица и на брегот, водата се излеала на улиците, но навлегла и во некои подруми и станбени згради, додека речиси целиот центар на Будва е под вода.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button