(ФОТО) Започна меѓувладината седница на владите на Унгарија и Македонија

Во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид започна меѓувладината седница на владите на Унгарија и Македонија. На настанот се присутни и премиероите на двете земји, Виктор Орбан и Христијан Мицкоски.
Претходно двајцата премиери одржаа тет-а-тет средба по која Мицкоски напиша:
– Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Orbán Viktor. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
Унгарскиот премиер, кој ја предводи владината делегација, во чиј состав има и 7 министри, од од вчера е во посета на земјава.
Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.