ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фракција во ВМРО ДПМНЕ за смена на Мицкоски

Мицкоски да поднесе оставка од претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, побара Оливер Андонов, предводникот на новата фракција во партијата. Според него, само со оставка на Мицкоски, ќе се отвори патот кон демократските промени во партијата. betfinal عربي

„Кога велам „потрошен“, потрошен е политички. Затоа што ако тргнеме наназад пет години кажете ми еве една работа во која Мицкоски направи нешто со што ВМРО-ДПМНЕ може да се гордее дека учествувало во некој процес или одбранило некој национален интерес во Македонија“, рече Андонов.

Андонов вели дека има поддршка од голем број сопартијци, меѓу кои и членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој дека сега дошло времето за создавање на фракцијата, бидејќи членството го барало тоа и воедно повика на обединетост.

„Што ако сега Мицкоски не поднесе оставка?! Па јас не очекувам сега да излезе и да даде оставка или ботовите кои ги пушта до мене да кажат дека за две недели ќе си даде оставка… Нема да даде Мицкоски сега оставка. Мицкоски ќе биде доведен во состојба да под притисок на членството мора да замине од партијата. شرح 1xbet Оваа борба ќе трае“, додава Андонов. سباقات الخيل

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски негира дека постои фракција.

„Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракција. Мене такви луѓе четири и пол години секојдневно ме менуваат, а ВМРО-ДПМНЕ е сè појако, пообединето и посплотено и така ќе биде и на следните парламентарни избори, со рекордна победа со мнозинство во Парламентот. За него немам што да го губам вашето време да го коментирам“, рече Мицкоски.

Во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата на Андонов ја оценија како безнадежна и безначајна.

Андонов како поранешен висок партиски функционер веќе подолг период ги критикува одлуките на раководството во колумни. Тој на предлог на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше назначен и за министер за внатрешни работи во 2016-тата година, а на таа позиција се задржа само еден ден, по што директоруваше во ЈП Јасен.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button