СПОРТ

Франческо Бањаja, триумфираше на 18-та трка од сезоната во Мото ГП

Возачот на Дукати, Франческо Бањаja, триумфираше на 18-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот, на Гран При трката во Тајланд.

Advertisements

По врнежливи временски услови во Бурирам, Бањаја ја забележа и деветтата победа сезонава, со која му го возврати ударот на Хорхе Мартин во борбата за титулата. Токму Мартин заврши на втората позиција, со само две секунди заостанување зад актуелниот шампион на целта. На третата позиција заврши Педро Акоста.

Трката во Тајланд ја одбележа и дуелот на победникот со идниот тимски колега Марк Маркез кој, пак, излета од патеката. Бањаја сега ја намали разликата со Мартин на само 17 бода, на две трки до крајот на шампионатот

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button