СПОРТФУДБАЛ

Франција, Холандија и Англија и теоретски во осминафиналето

Без да ги одиграат мечевите од третото коло, три селекции задоволно ги дочекаа резултатите од натпреварите во групата на Шпанија, затоа што влегоа во нокаут фазата на ЕВРО 2024.

Франција, Холандија и Англија и теоретски веќе го обезбедија своето учество во осминафиналето, благодарение на резултатите од дуелите меѓу Шпанија и Албанија (1-0) и Хрватска – Италија (1-1).

Сепак, останува да се утврди точно на кои позиции во своите групи ќе завршат овие три големи селекции. Сите ќе ги одиграат последните свои натпревари вечерва, при што французите и „лалињата“ дури се во иста група.

Во овој момент има само една јасна осминафинална двојка – Швајцарија против Италија.

Овој натпревар ќе биде првиот од оваа фаза, и ќе се одигра на 29 јуни (сабота) од 18 часот во Берлин. Подоцна истата вечер, Германија ќе игра против вториот тим од групата на Англија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button