ВЕСТИСВЕТ

Франција наскоро ќе го укине носењето маски на отворено

Франција планира наскоро да го укине задолжителното носење маски на отворено, најави министерот за здравство Оливие Веран.

Тој не прецизираше датум, но најави дека наскоро ќе се стигне до тоа ниво зависно од процентот на имунизација.

„Кога сте надвор, во центарот на еден голем град, со многу продавници, ќе чекате во редици, ќе јадете, ќе среќавате луѓе итн. Таму, сè додека немаме соодветно ниво на покриеност со вакцинацијата, се чини, повнимателно е да се одржи обврската за носење маска“, рече министерот Веран.

САД веќе ја укинаа препораката за носење маски на отворено на оние што се вакцинирани, но за ваква мерка француските власти се резервирани и велат дека не сакаат да брзаат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button