ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Франција нема нов предлог, утре ѝ завршува претседателството со ЕУ

На само ден пред истекот на француското евро-претседателство, од Владата во Скопје тврдат дека сè уште не им бил доставен официјален предлог од Брисел за надминување на спорот со Софија и кревање на блокадата за почеток на преговори за членство. Според премиерот Димитар Ковачевски, досега во јавноста биле дискутирани само нацрт-идеи на Унијата, додавајќи дека разговорите продолжуваат.

Advertisements

„Не се прифатливи идеи коишто не прават јасна заштита на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет и коишто во мултилатерални преговори со Европската унија, ќе бидат исклучиво за прашања поврзани со мерит-системот, односно да не вклучуваат билатерални прашања во мултилатерални рамки“, рече Ковачевски.

Според опозицијата пак, Ковачевски потврдил дека тим на експерти сè уште води тајни разговори со Софија.

„Кои се позициите на тимот кој го испраќа Владата на Димитар Ковачевски? Што имаат договорено до моментов, за да некои луѓе блиски до Владата и СДСМ, јавно кажуваат дека има простор да се испреговара протоколот, иако знаеме – што значи тоа?“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, како што известува МИА, француските дипломати во Брисел не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот и сега процесот е целосно во рацете на Скопје и Софија. Според официјалните ставови, засега нема напредок во разговорите меѓу двете страни и шансите за почеток на преговорите овие денови е сè помал. Претседателството со Советот на Унијата од петок го презема Чешка, која во своите приоритети го нема процесот на проширување.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button