ВЕСТИСВЕТ

Франција побара итна седница на СБ на ОН за ситуацијата во Либан

Франција побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да се разговара за ситуацијата во Либан, каде се интензивираат судирите со Израел, изјави новиот француски министер за надворешни работи Жан Ноел Баро, цитиран од француските медиуми.

Advertisements

-Во овој момент мислам на либанскиот народ, откако израелските напади однесоа стотици цивилни жртви, вклучително и десетици деца.

Овие удари на двете страни на Сината линија (линијата за разграничување меѓу Израел и Либан, повлечена од Обединетите нации) и пошироко во регионот мора веднаш да престанат, рече Баро од говорницата на Генералното собрание на ОН.

„Франција ги повикува земјите, и оние кои ги поддржуваат, на деескалација со цел да се избегне избувнување на регионален пожар што би бил катастрофален за сите и пред се за цивилното население.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button