ВЕСТИСВЕТ

Франција воведува ковид пропусници, дел од граѓаните бесни: „Ова е здравствена диктатура!“

Од среда ќе се бара доказ за вакцинација, негативен тест или доказ за прележан Ковид за да се влезе во музеите и кината

Додека бројот на новозаразени со коронавирус расте во Франција, новите ковид пропусници стапија во  сила, пишува Би-Би-Си.

Advertisements

Властите следниот месец ќе разговараат дали да се прошири нивната употреба и за влез во кафулиња, ресторани и трговски центри.

Одлуката е донесена еден ден откако министерот за здравство Оливие Веран објави дека за само 24 часа се пријавени 18.000 нови случаи во земјата. Минатата недела Франција имаше помалку од 7.000 дневни случаи, а ова е зголемување за 150 проценти.

Ова го немавме порано, рече Веран пред Националното собрание и додаде дека делта сојот е далеку поинфективен во споредба со претходните варијанти на вирусот, како оние првпат забележани во Велика Британија или Јужна Африка.

Претседателот Емануел Макрон веќе ги објави плановите за воведување здравствени пропусници, како и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници. Истражувањата покажуваат дека голем број Французи се двоумат околу вакцинациите.

Протестирајќи против новите правила во земјата, демонстрантите неделава вандализираа два центри за вакцинација, а одлуките на Макрон ги нарекуваат „здравствена диктатура“.

Ако владата ја постигне својата цел, за неколку недели нема да може да се седне на кафе во париско кафуле или да се патува со воз без доказ дека лицето нема ковид, дека е вакцинирано или имуно на болеста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button