СВЕТ

Франција забрани пластична амбалажа за овошје и зеленчук

Во Франција денеска стапува во сила новиот закон со кој се забранува пластична амбалажа за повеќето овошја и зеленчук.

Списокот на овошје и зеленчук вклучува краставици, праз, модри патлиџани и домати, како и лимони, јаболка, банани и портокали, врз основа на имплементацијата на законот од февруари 2020 година, со кој се прецизира листа од околу 30 видови на храна што мора да се продава без пластична амбалажа, пренесува Би-Би-Си.

Во моментов ограничен број преработени овошја може да се продаваат во пластична амбалажа, како што е исеченото овошје, но тоа ќе биде укината до крајот на јуни 2026 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече забраната „вистинска револуција“ и рече дека ја покажува посветеноста на земјата за постепено укинување на пластиката за еднократна употреба до 2040 година.

Од 2021 година, земјата ги забрани пластичните сламки, чаши и прибор за јадење, како и производи за носење од полистирен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button