

Алсат
06.08.2020 09:18
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе замине за Бејрут и ќе се сретне со политичките личности на земјата, по експлозијата што ја разори либанската престолнина, соопшти неговиот кабинет. Макрон, кој разговараше со либанскиот претседател Мишел Аун, непосредно по експлозијата, веќе нареди француска итна помош да биде испратена во Либан, земја со длабоки историски врски со Франција.