КОШАРКАСПОРТ

Францускиот центар го продолжи договорот со Минесота

Најдобриот одбранбен играч во НБА минатата сезона, францускиот центар Руди Гобер го продолжи договорот со својот сегашен клуб Минесота Тимбервулфс на уште три години за сума од 110 милиони долари.

Advertisements

Минатата сезона Гобер по четврти пат беше прогласен за најдобар одбранбен играч во НБА, израмнувајќи го рекордот на Дикембе Мутомбо и Бен Валас, а имаше просек од 14,0 поени, 12,9 скока и 2,1 блокади.

Гоберт пристигна во Минесота летото 2022 година, а минатата сезона стигна до финалето на Западната конференција каде беше елиминиран од Далас Маверикс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button