ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Фридом Хаус“ ја рангира Македонија како делумно слободна земја

Најновиот извештај на Фридом Хаус ја рангира Македонија како делумно слободна земја. Таа доби 66 од вкупно 100 поени што е зголемување за 3 поени во споредба со претходната година. Во извештајот се забележува дека Македонија и понатаму се соочува со корупција, врз новинарите и активистите има притисоци и закани, а има критики и за застојот на судските реформи. Според Фридом Хаус, корупцијата во универзитетите е голема, а Законот за пристап до информации од јавен карактер се спроведува неконзистентно.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button