ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фридом хаус – Македонија останува хибриден режим

Со непроменета оценка 3,82, исто како и минатата година, Македонија останува во категоријата „хибриден режим“, според извештајот „Држави во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“ на Фридом хаус.

Advertisements

Извештајот опфаќа 22 посткомунистички држави од Централна и Источна Европа и поранешниот СССР. Само 6 од овие земји се сметаат за консолидирани демократии, 4 се полуконсолидирани демократии, 8 се консолидирани авторитарни режими и 11 се во „сивата зона“, односно хибридни режими.

Во извештајот се оценува демократското владеење на централната и локална власт, изборниот процес, граѓанското општество, слободата на медиуми, судството, корупцијата.

Просечната оценка на Македонија постојано паѓаше од 2012 до 2017 година. Земјава падна во категоријата „хибриден режим“ во 2013 година. Од 2017 до лани има раст, но во изминатата година има стагнација.

Според извештајот, најдобро оценета држава на Западниот Балкан е Хрватска, па потоа следат Црна Гора, Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button