ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Северна Македонија би ја напуштиле државата

Младите во Северна Македонија најмногу од сите држави во Југосточна Европа изрази желба да да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“ покажало 42,67 отсто младите во земјава сакаат да емигирираат во странство.

Advertisements

Втора во регионот е Албанија каде што 36,95 отсто од младите лица би сакале да заминат надвор од државата, а потоа следуваат Грција со 31,26 отсто,  Босна и Херцеговина 31,18, Косово, 27,83, во Србија и Словенија 25, во Хрватска тој процент е 21,26, а во Црна Гора 2,59.

Младите во Бугарија и во Романија, според истражувањето, покажале најмала желба за емигрирање.

Најчест мотив на младите за иселување од матичните земји се економските фактори и можности.

– Повеќе од две третини (67,13 проценти) од испитаниците го истакнале финансискиот и професионалниот напредок како причини за емиграцијата. Желбата за подобрување на животниот стандард се наведува како примарен мотив за 27,78 отсто од испитаниците… Подобри можности за вработување (11,44 отсто) и повеќе можности за образование (седум отсто) се другите причини поради кои младите одлучуваат да ја напуштат земјата…, се наведува во истражувањето.

За 62 отсто од испитаниците, корупцијата е најголемиот проблем со кој ќе се соочат нивните земји во следната деценија, а потоа следат невработеноста и емиграцијата. Младите често првпат се соочуваат со корупција во образовниот систем, дури 61 процент од испитаниците сметаат дека може да се купат оценки и испити на универзитетите во нивните земји.

Според истражувањето, жените покажуваат поголема желба да го подобрат сопствениот животен стандард (29,97 проценти) и ставаат поголем акцент на можностите за образование (8,46 проценти). Мажите, пак се загрижени за корупцијата и клиентелизмот во државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button