
Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија.
Шефот на германската влада го избираат пратениците на парламентот преку тајно гласање, без претходна дискусија, врз основа на предлог од претседателот.
Како по правило, кандидатот е од партијата што освоила најмногу гласови на парламентарните избори. Овој пат, таа партија е на Мерц.
Во понеделник, лидерите на Социјалдемократската партија на Германија (СДП) и конзервативниот блок на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ) потпишаа договор за коалиција, десет недели по предвремените избори за Бундестагот, со што се отвори патот за избор на Мерц за канцелар.