
Селекторот на фудбалската репрезентација на Фарските Острови, Хакан Ериксон, го објави списокот од 21 играч на кои ќе смета за првите два меча од новото издание на Лигата на Hации на УЕФА против Македонија и Летонија.
Фараните на 7 септември ја пречекуваат Македонија на отвораањето на новата сезона во ова УЕФА натпреварување. Селекторот на Ф. Острови, Ериксон најавил дека на овој список од 21 играч ќе му бидат придодадени уште тројца репрезентативци во текот на оваа недела.
Исто така, треба да се напомене дека на списокот на репрезентативци се наоѓа и фудбалерот на Шкупи, Јоан Симун Едмундсон./sportsport.mk/