СПОРТФУДБАЛ

Фудбалерките постигнаа договор за зголемување на минималната плата

Фудбалерките на шпанската Лига Ф го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор за зголемување на минималната плата, соопштија од лигата и синдикатот.

Advertisements

Минатиот викенд требаше да започне новата сезона во Лигата Ф, но поради штрајкот не се одигра ниту еден натпревар. Во соопштението се наведува дека второто коло ќе се одигра според предвиденото. Минималната плата во женската шпанска лига досега беше 16.000 евра, наспроти 182.000 за машката лига.

Новиот договор ќе ја зголеми минималната плата за женската лига на 21.000 евра оваа сезона, а таа сума ќе се зголеми на 23.500 евра до 2025 година. Заработката може да биде поголема во зависност од приходот.

Според податоците на Лига Ф, минатата сезона 80 фудбалери од 334 од нив заработувале помалку од 20.000 евра годишно, додека просечната плата била околу 40.000 евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button