ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Функционерите јадат само прва класа, а ние трета“

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека храната вредна 144 илјади евра, која ќе ја набавува Владата, ќе се дели во повеќе институции, а вработените ќе ја купуваат и плаќаат. Ковачевски додава дека оваа акција не е нешто ново.

Advertisements

Но, граѓаните велат дека ваквите постапки на Владата докажуваат дека функционерите мислат само за себе, а не и за народот.

„Тоа не е нормално за функционерите, но не е нормално и за нас. Плаќаат колку што сакаат затоа што работат само за себе. Јадат сè од прва класа, а ние јадеме трета класа“, вели еден граѓанин.

Службата за општи и заеднички работи во Владата во март склучила повеќе договори со различни фирми во вкупна вредност од над 144 илјади евра и тоа за сушено месо, кафе, пилешко месо, овошје и зеленчук, сите од прва класа.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button